На денешната Комисија за финансирање и буџет во Собранието, се обрати пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Бети Стаменкоска Трајкоска која на самиот почеток истакна дека буџетот покажува дека Македонија има одговорно управување и дека во Македонија има јасна стратегија за тоа каде се насочуваат парите.
„Денес не расправаме само за ребаланс на буџет, расправаме за сигурна можност, можност која дава надеж дека конечно во Македонија, има одговорно управување, дека конечно Македонија не се чека кризите да не затекнат со играње фудбал, возење мотори по планини, и безделничење на државна сметка по белиот свет, туку да се работи со план и визија, дека конечно во Македонија се има јасна стратегија да се насочуваат парите таму каде што најмногу треба, кај граѓаните“, рече Стаменкоска Трајкоска.