Министерот за локална самоуправа Златко Перински денеска повторно упати апел до опозицијата да ги поддржи предложените измените и дополнувања на Законот за локална самоуправа, што го поминаа и второто собраниско читање, а за кои е потребно Бадентерово мнозинство.
Најнапред, дозволете ми искрено да ви се заблагодарам за професионалната соработка и континуираната поддршка, особено во делот на навремено, точно и објективно пренесување на информациите во периодот откако ја вршам функцијата министер за локална самоуправа, рече на прес-конференција министерот за локална самоуправа, Златко Перински.
Facebook / Златко Перински Министерот за локална самоуправа Златко Перински на денешната прес-конференција изјави дека сè уште нема официјална информација за тоа кој ќе биде кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, но нагласи дека без разлика на изборот, кандидатот ќе ја има неговата целосна поддршка.