Мицкоски, кој се фали дека го брани македонскиот јазик и идентитет, денес е човекот заради кој тие повторно се ставени под прашалник во европските институции.
Во годината кога Македонија одбележува 80 години од историската кодификација на македонскиот стандарден јазик, симболот на нашиот идентитет, културен континуитет и државност, Владата на ВМРО ДПМНЕ на срамен начин дозволи да се избрише името, достоинството, македонскиот јазик во ЕУ, истакна денеска на прес-конференција Јованче Манасков, претседател на Комисија за образование и наука на СДСМ.– Премиерот Мицкоски заради теснополитичките интереси ја отвори дебатата за македонскиот јазик во Европскиот парламент -нешто кое беше затворено, а јазикот дефиниран како единствен Македонски јазик, единствен Македонскиот народ.