Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ: Добрите економски политики, безбедноста на граѓаните, квалитетното образование, грижата за земјоделците, влогот во енергетиката, дигитализацијата, се дел од чекорите кои ги презема Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а граѓаните тоа го препознаваат и даваат поддршка.
Во вчерашната анкета на МКД.мк, спроведена од 20 јуни до 4 јули, се гледа јасна поддршка на ВМРО-ДПМНЕ во однос на СДС, или во бројки разлика од 5 спрема 1. Граѓаните даваат апсолутно поддршка на ВМРО-ДПМНЕ од 23,8%, додека пак за СДС само 5,1%. Дополнително, од сите оние кои се изјасниле дека ќе гласаат на наредните избори, бројката се искачува на 52,8%, додека пак за СДС би гласале 11,3%. Во однос на тоа на кој политичар најмногу му веруваат, граѓаните односно 26,9% се изјасниле дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е човек на кого треба најмногу да му се верува.