Или што очекував јас, очекував претходно да ми каже некој дека ќе има снимање за да можам јас да одговорам дека, видете можеби вашиот протокол така вели, но јас очекувам поинаков однос, не затоа што не го почитувам протоколот, туку заради тоа што ја знам зовриената атмосфера и во едната и во другата држава“, Наместо да направи скандал, Сиљановска-Давкова вели дека решила да седне со Радев и да му објасни, како што рече, сè. Разговорот рече бил долг, пријателски и со почит и за време на кој, таа ниту за миг не ги заборавила македонските национални интереси.