Од денеска 18.09.2024 (среда) до 20.09.2024 година (петок) претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски заедно со Министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски и Министерот за европски прашања Орхан Муртезани ќе престојува во работна посета на Брисел. Denesen
Потоа, Претседателот на Владата Мицкоски ќе оствари состанок со Претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел.
Претседателот на Владата Мицкоски ќе оствари состанок и со Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји. Netpress
По повод денот на независноста, во седиштето на НАТО во Брисел, ќе биде организиран прием, на кој министерот Муцунски се обрати пред дипломатскиот кор и поканетите гости.
Во рамки на работната посета, заедно со претседателот на владата на Република Северна Македонија, министерот Муцунски ќе оствари работни средби со високи претставници на институциите на Европската Унија. Press24