Разговорот со бугарскиот претседател Руман Радев беше долг, пријателски, со почит и јас ни за миг не ги заборавив македонските национални интереси, со тоа што знам дека и тој има право да ги презентира истите.
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вчеравечер во Софија присуствуваше на настапот на македонската Национална опера и балет, што во Софиската опера и балет ја изведе операта „Набуко“ од Џузепе Верди.
Со добра волја, меѓусебна почит и разбирање може да се најде решение за отворените прашања меѓу Скопје и Софија, оцени претседателката Гордана Сиљановска Давкова по вчерашната среба со нејзиниот бугарски колега Румен Радев.
Бугарскиот претседател Румен Радев во прв коментар по средбата со македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова која предизвика реакции поради изоставувањето на македонското знаме на нивната заедичка фотографија во петокот во Софија, нагласува дека нејзината посета не била ниту официјална, ниту работна.