Со ова, сите партиски донатори кои што официјално и неофицијално беа блиски со претходната влада на СДСМ и ДУИ, за кои што постоеше основано сомнение и се уште постои основано сомнение за сторен криминал и корупција од епски размери ќе бидат минато и конечно ќе можат граѓаните да бидат мирни дека владее правото кај нас, додаде Мицкоски, за време на неговото присуство на доградбата на ООУ „Блаже Конески“ во Општина Аеродром.
Владата вчера соопшти дека разгледала и усвоила информација за преземените активности за раскинување на Договорот за закуп на административно – деловен простор склучен помеѓу ХЕЈ ДООЕЛ Скопје и Акционерското друштво за приредување игри на среќа, Државна лотарија на Република Северна Македонија. Press24
Што се однесува до договорот кој што вчера беше предмет на владина одлука, да, тој е раскинат со владина одлука.
Не само што е раскинат договорот, туку е и основа за покренување кривична постапка и кривична одговорност за надлежните, бидејќи е потпишан по цена која не е пазарна туку дури и до три пати поголема од пазарната. Plusinfo