Премиерот Христијан Мицкоски во пресрет на посетатата на Брисел посочи дека на дневен ред ќе биде Планот за раст, а доколкку стане збор за евроинтеграцискиот процес ќе ги брани и одбрани македонските национални интереси.
Позицијата на Владата за уставните измени, како што рече, е јасна и сакаме да знаеме дека ако го отпочнеме, како што ни беше ветувано во 2018 година за три, четири, пет години максимум, ќе завршиме тој пат и е бидеме членка на ЕУ. Одговарајќи на новинарски прашања Мицкоски рече дека Планот за раст е доставен до Европската комисија и во Скопје и во Брисел од страна на македонската Влада која потенцираше дека подготвила фантастичен документ.