Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
107
57.32
42.92
26.05/11.44
107.00
43.69
0.41
9151.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 107
147 ■ 0.99/0.01 ■ 11 ■ 1959.5
Best clustering variants
147 0.99/0.01 11 1959.5
10:10 h
  • Македонската дипломатија треба да изгради сериозен системски приод и професионален тим и да ги искористи сите политички и дипломатски мрежи за да ги сузбие неевропските наративи вградени во францускиот предлог, а особено вториот протокол, што ги прифати претходната влада, порачуваат експертите за меѓународни односи пред претставувањето во Брисел на идејата за одложено дејство на уставните измени од страна на македонската влада Премиерот Христијан Мицкоски и шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски денеска и утре во Брисел со европските партнери ќе разговараат за уставните измени и правното толкување на заклучоците на Европскиот совет во кои се наведува дека Македонија нема да продолжи во втората фаза од преговорите за членство без уставни измени за впишување на Бугарите во него.
  • Неопходен интегрален пристап на македонската дипломатија
09:23 h 20-Sep-2024
  • Интеграцијата во Европската Унија треба да биде процес во кој одлучувачки фактор ќе бидат постигнувањата, а не билатералните прашања, бидејќи ние повеќе не можеме да прифаќаме ултиматуми и за нас е неприфатлив принципот „тие се таму, а вие сте надвор“.
  • ◉ Мицкоски од Брисел: Критериум за ЕУ да бидат постигнувањата, повеќе не можеме да прифаќаме ултиматуми
17:14 h 19-Sep-2024
  • Процесот на интегрирање во ЕУ да се темели на постигнувања, а не на билатерални прашања, порача од Брисел премиерот Христијан Мицкоски.
  • Мицкоски од Брисел: Процесот на интегрирање во ЕУ да се темели на постигнувања
07:53 h
  • Премиерот Христијан Мицкоски, во придржба на министрите за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцински и за европски прашања Орхан Муртезани, денеска ќе престојува во работна посета на Брисел.
  • Премиерот Мицкоски во посета на Брисел: Средби со лидерите на ЕУ и колегите од Западен Балкан
10:52 h 18-Sep-2024
  • Премиерот Христијан Мицкоски во пресрет на посетатата на Брисел посочи дека на дневен ред ќе биде Планот за раст, а доколкку стане збор за евроинтеграцискиот процес ќе ги брани и одбрани македонските национални интереси.
  • Мицкоски за посетата на Брисел: Подготвивме најквалитетен документ за Планот за раст, ќе ги одбраниме и националните интереси
10:10 h
  • Македонската дипломатија треба да изгради сериозен системски приод и професионален тим и да ги искористи сите политички и дипломатски мрежи за да ги сузбие неевропските наративи вградени во францускиот предлог, а особено вториот протокол, што ги прифати претходната влада, порачуваат експертите за меѓународни односи пред претставувањето во Брисел на идејата за одложено дејство на уставните измени од страна на македонската влада Премиерот Христијан Мицкоски и шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски денеска и утре во Брисел со европските партнери ќе разговараат за уставните измени и правното толкување на заклучоците на Европскиот совет во кои се наведува дека Македонија нема да продолжи во втората фаза од преговорите за членство без уставни измени за впишување на Бугарите во него.
  • Неопходен интегрален пристап на македонската дипломатија
Republika

Процесот на интегрирање во рамките на Европската Унија да се темели на постигнувања, а не на билатерализација, односно на билатерални прашања, порача денеска од Брисел премиерот Христијан Мицкоски, нагласувајќи дека на средбите уште еднаш потенцирал „дека ние не можеме повеќе да прифаќаме ултиматуми и за нас принципот тие се таму, вие сте надвор не е прифатлив“, како и дека „остануваме фокусирани да предлагаме решенија, и ако навистина има желба, тогаш има и начин“.

Мицкоски, кој денеска присуствуваше на работниот ручек кој што го организираше старо-новата претседателка на Европската Комисија Урсула Фон Дер Лајен, на кој што беа присутни и останатите пет лидери од регионот на Западен Балкан, а потоа и средба со претседателот на Европскиот Совет Шарл Мишел, рече дека „нормално е дека на тие состаноци се разговара и за европската перспектива на регионот, како и европската перспектива на Македонија како држава“. Republika

Kanal5

Сакам да зборуваме за вредности, за почитување на човековите права и да знаеме дека ако го отпочнеме преговорите, како што ни беше ветувано во таа 2018 година, дека за три, четири, пет години максимум, ќе го завршиме тој пат и ќе бидеме членка на Европската Унија, изјави Мицкоски, додавајќи дека се останато се приказни и замки на коишто ниту Владата, а ниту тој како човек, немаат намера да наседнуваат.

Во однос на идејата за уставни измени со одложено дејство, уште и наречена „француски предлог плус“, шефот на дипломатијата Муцински во гостување на националниот радиодифузен сервис МРТ1, изјави дека станува збор за надополнување на сето ова што постои во моментов како фактичка состојба, со цел да бидеме апсолутно сигурни дека од моментот кога ќе ги почнеме преговорите со ЕУ повеќе нема да имаме билатерализација на нашиот пристапен пат. Kanal5

Novamakedonija

Македонската дипломатија треба да изгради сериозен системски приод и професионален тим и да ги искористи сите политички и дипломатски мрежи за да ги сузбие неевропските наративи вградени во францускиот предлог, а особено вториот протокол, што ги прифати претходната влада.

Мораме разумно и принципиелно да го претставиме тој дома испреговаран наратив, во контекст на актуелниот историски момент, кој се сведува на борба на два светогледа: империјалистички наратив на непочитување територијален интегритет, малцински права, јазик и култура на соседни суверени држави (кој доведе до војна во Украина, а во нашето соседство Бугарија ги користи истите алатки, помогната од ЕУ-државите, за да го вгради во преговарачката рамка) и современиот европски наратив, кој се заснова на почитување на нормите на меѓународното право, на конвенциите, на основните човекови права – вели Ида Мантон, експертка по меѓународни преговори и медијација. Novamakedonija