Со ова, сите партиски донатори кои што официјално и неофицијално беа блиски со претходната влада на СДСМ и ДУИ, за кои што постоеше основано сомнение и се уште постои основано сомнение за сторен криминал и корупција од епски размери ќе бидат минато и конечно ќе можат граѓаните да бидат мирни дека владее правото кај нас, додаде Мицкоски, за време на неговото присуство на доградбата на ООУ „Блаже Конески“ во Општина Аеродром.
Владата вчера соопшти дека разгледала и усвоила информација за преземените активности за раскинување на Договорот за закуп на административно – деловен простор склучен помеѓу ХЕЈ ДООЕЛ Скопје и Акционерското друштво за приредување игри на среќа, Државна лотарија на Република Македонија. Denesen
Договорот за закуп за деловен простор склучен меѓу „Хеј“ ДООЕЛ и Државна лотарија, Владата не само што го раскина туку тој е и основа за покренување на кривична постапка и кривична одговорност за надлежните, бидејќи е потпишан по цена која не е пазарна туку дури и до три пати поголема од пазарната, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Press24