Договорот за закуп на деловен простор помеѓу „Хеј“ ДООЕЛ и Државната лотарија не само што беше раскинат од Владата, туку и претставува основа за покренување на кривична постапка и одговорност за надлежните, бидејќи е потпишан по цена што не е пазарна, туку дури три пати повисока од пазарната, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Mk
Со ова, сите партиски донатори кои што официјално и неофицијално беа блиски со претходната влада на СДСМ и ДУИ, за кои што постоеше основано сомнение и се уште постои основано сомнение за сторен криминал и корупција од епски размери ќе бидат минато и конечно ќе можат граѓаните да бидат мирни дека владее правото кај нас, додаде Мицкоски, за време на неговото присуство на доградбата на ООУ „Блаже Конески“ во Општина Аеродром.
Владата вчера соопшти дека разгледала и усвоила информација за преземените активности за раскинување на Договорот за закуп на административно – деловен простор склучен помеѓу ХЕЈ ДООЕЛ Скопје и Акционерското друштво за приредување игри на среќа, Државна лотарија на Република Северна Македонија. A1on