Владата денеска на вонредна седница ја донела предлог одлуката на Министерството за економија и труд за ограничување на бруто профитната маржа до 10 отсто со која ќе бидат опфатени стотина основни прехранбени производи во трговијата на големо и мало, леб, пекарски и млечни производи, млеко, месо и преработки од месо, дел од конзервните производи, овошје, зеленчук… За ова информираше премиерот Христијан Мицкоски, кој посочи дека одлуката биле штотуку донесена на онлајн вонредната седница на Владата, која е во тек и дека за повеќе детали ќе информира министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. Civilmedia