Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
33
12.06
25.17
8.44/1.19
33.00
10.34
0.31
3096.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 33
24 ■ 0.99/0.01 ■ 4 ■ 609.0
Best clustering variants
24 0.99/0.01 4 609.0
10:21 h 24-Sep-2024
  • Пендаровски само глумел чесност, прво бараше една бројка на вработени во кабинетот, сега ја зголемува.
  • ◉ ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски само глумел чесност
12:31 h 23-Sep-2024
  • Стево Пендаровски глумеше скромност и кога рече дека во својот кабинет за поддршка ќе ангажира само три лица.
  • (ВИДЕО) Јаревски: Пендаровски кога глумеше скромен рече дека ќе ангажира тројца вработени, за потоа да бара средства за четворица
09:09 h
  • Од ВМРО-ДПМНЕ го нарекоа поранешниот претседател Стево Пендаровски за „лажно скромен“, откако после само еден ден наводно се премислил околу доделување на канцеларија.
  • ВМРО-ДПМНЕ: Лажна скромност на Пендаровски – прво кажа дека не сака канцеларија, а следниот ден побара
11:42 h 22-Sep-2024
  • Стево Пендаровски тврдеше дека не сака канцеларија, за еден ден потоа да побара да му се дозволи да користи.
  • Јаревски: Пендаровски тврдеше дека не сака канцеларија, за еден ден потоа да побара
Republika

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Тони Јаревски, на прес-конференција изјави дека Стево Пендаровски ги излажа граѓаните кога глумеше скромност дека не сака да отвора канцеларија на Претседателот, туку истото ќе го направи некогаш во иднина.

На 14 мај, кабинетот на Пендаровски за медиумите го даде следниот одговор на тоа што се неговите планови: „Во однос на административната и логистичка поддршка која му е потребна за средбите со поранешни и актуелни државници и за учество на меѓународни конференции претседателот Пендаровски побара од државните институции повремено да користи канцеларија, но, бидејќи таква пракса и законски основ не постои, Пендаровски во иднина ќе го искористи правото да отвори канцеларија, каде што тројца од сегашните вработени во Кабинетот, ќе бидат ангажирани во поддршка на тие активности на поранешниот претседател“. Republika

Civilmedia

Така, веќе втор ден куририте ги шират конструкциите и спиновите искажани на прес-конференцијата на пратеникот од ВМРО-ДОМНЕ Тони Јаревски, кој обвинува дека Стево Пендаровски наводно ги излажал граѓаните кога , според Јаревски, глумел скромност дека не сака да отвора канцеларија на Претседателот, туку истото ќе го направи некогаш во иднина.

Дали Јаревски има меморија на златна рипка, надополнета со медиумска неписменост, па не знае да пребара по интернет архивите на медиумите, инаку немаше да излезе со ваков спин, бидејќи ќе видеше дека поранешниот претседател на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, на 14 мај објави дека ќе се откаже од дел од привилегиите кои му следуваат согласно законот, односно, нема да ја користи доживотната пензија, но ќе користи канцеларија со тројца вработени од неговиот поранешен кабинет, како што изјавија тогаш од неговиот кабинет за ЦИВИЛ Медиа. Civilmedia