Медиумите во Грција, технички, без дополнителни коментари или анализи, ги пренесуваат ставовите на шефовите на двете дипломатии веднаш по средбата, но и по нивното заедничко учеството на неформалниот состанок со министрите за надворешни работи од групата „Пријатели на Западен Балкан“ на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк.
Како „важен чекор напред во зајакнувањето на регионалната соработка и значајно подобрување на дипломатските односи меѓу двете земји“, ја карактеризираше министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Тимчо Муцунски, средбата што ја имаше во Њујорк со министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис, пишува државната агенција АНА-МПА на почетокот на текстот, пренесувајќи го соопштението од македонското МНР, вест што ја презедоа и останатите медиуми во Грција. Press24
Се договоривме понатаму да имаме активна комуникација по однос и на предизвиците кои секако ќе се појавуваат помеѓу двете држави“, Очекувањата, како што додава министерот, се дека со денешната средба ќе се отвори нов лист во односите меѓу двете влади, а првите чекори кои треба да се преземат и за кои се разговарало, како што кажа, се засилена динамика на средби, не само помеѓу министрите за надворешни работи, туку и од другите ресори кои имаат заеднички теми на интерес, а во интерес на двете држави.
Муцунски го поканил грчкиот министер за надворешни работи во посета на С Македонија. 360stepeni