Тој истакна дека ниту една земја сама не може да се справи со овие предизвици и дека е неопходен ефикасен мултилатерализам за обезбедување на меѓународниот мир и безбедност.
„Самитот на иднината претставува можност за зајакнување на глобалното владеење и одговор на актуелните и идните предизвици. Fokus
Во изјава за новинарите што се во Њујорк, Герапетритис уште еднаш ја повтори и нагласи грчката поддршка за ЕУ перспективата на Западен Балкан, меѓу кои и на нашата земја и рече дека како на неформалниот состанок со министрите од регионот, така и на средбата со Муцунски имал можност да ја истакне „потребата оваа европска перспектива да останете цврсто активна, се разбира, со апсолутно почитување на европското законодавство и меѓународното право, особено меѓународните договори“.
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, вчерашната прва билатерална средба со неговиот грчки колега ја оцени како одлична, позитивна и конструктивна, а како што јави известувачката на МИА од Њујорк, шефот на дипломатијата изјави дека „во духот на добрата верба и во духот на почитувањето на обврските кои произлегуваат од меѓународното јавно право заеднички ќе работиме сите да ги реализираме обврските коишто ги имаме“. A1on
„Северна Македонија: Важен чекор напред за зајакнување на регионалната соработка, средбата Герапетритис- Муцунски“; „Герапетритис до Скопје: Почитување на Договорот од Преспа и правилата за добрососедство“; „С. Македонија: „Важен чекор напред“ за зајакнување на соработката, средбата со Герапетритис“; „Нова порака за почитување на Договорот од Преспа“; „Порака на Герапетритис до МНР на С. Македонија за Преспа: Европската перспектива бара посветеност на меѓународните договори“, се дел од насловите во грчките медиуми за вчерашната средба на министрите за надворешни работи на Северна Македонија и Грција Тимчо Муцунски и Јоргос Герапетритис, јави дописничката на МИА од Атина. Press24
Оценувајќи ја средбата како одлична, позитивна и конструктивна, македонскиот министер инфирмираше дека на неа се разговарало „многу повеќе за она што може да не обедини отколку она што може да не раздели“.
Зборувавме за коридорот 10, за енергетското поврзување, за стимулирањето на трговијата и деловната активност од двете страни за потребата од подобување на меѓусебните политички односи и за тоа како да го движиме процесот на европска интеграција напред – рече Муцунски. Novamakedonija
Како „важен чекор напред во зајакнувањето на регионалната соработка и значајно подобрување на дипломатските односи меѓу двете земји“, ја карактеризираше министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Тимчо Муцунски, средбата што ја имаше во Њујорк со министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис, пишува државната агенција АНА-МПА на почетокот на текстот, пренесувајќи го соопштението од македонското МНР, вест што ја презедоа и останатите медиуми во Грција.
Во продолжение пренесен е и делот дека за време на „конструктивната средба посебно внимание било посветено на можностите за развој на трговијата, инфраструктурата и инвестициите во енергијата, како основни области, каде постојат реални можности за проширување на соработката“, но и ставот од Министерството за надворешни работи на Северна Македонија дека „почитувањето на меѓународното јавно право е од неопходно за обезбедување на иднина заснована на заеднички просперитет и одржлив мир“. Libertas
За да остане активна меѓународната стратешка безбедност, не треба да има селективна примена на меѓународните договори“, пишува информативниот портал „Ин“, пренесувајќи ја изјавата на Герапетритис.
Како што вчера објави МИА, грчки дипломатски извори брифираа дека прашањата за билатералната, прекуграничната и регионалната соработка, европската перспектива на нашата земја, како и потребата да се почитуваат меѓународното право и меѓународните договори, како што е Договорот од Преспа, биле темите за кои разговарале министрите за надворешни работи на двете земји на нивната прва средба. Kanal5
Се договоривме понатаму да имаме активна комуникација по однос и на предизвиците кои секако ќе се појавуваат помеѓу двете држави.
Очекуваме денешната средба да биде отворање на еден нов лист на односите помеѓу двете влади на добра комуникација, и повторно ќе кажам да разговараме за многу проекти кои заеднички можеме да ги реализираме, а кои што ќе донесат економска благосостојба и за двете држави и народите на двете држави и подобро поврзување и од инфраструктурна и од енергетска гледна точка – рече Муцунски. Plusinfo
Прашањата за билатералната, прекуграничната и регионалната соработка, европската перспектива на нашата земја, како и потребата да се почитуваат меѓународното право и меѓународните договори, како што е Договорот од Преспа, биле темите за кои разговарале министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Тимчо Муцунски и Јоргос Герапетритис, според грчки дипломатски извори, јави дописничката на МИА од Атина.
За време на разговорите, според истите информации, шефот на грчката дипломатија истакнал дека успешниот тек на европската перспектива на сите земји од Западен Балкан, вклучително и на Македонија, зависат од исполнувањето на обврските што произлегуваат од европското законодавство и меѓународното право, меѓу кои и посветеноста на меѓународните договори, како што е Договорот од Преспа и преку одржувањето на добрососедските односи. Novamakedonija