Земјите членки на ЕУ се подготвени да ни помогнат во процесот на пристапување кон Унијата, со цел да го заокружиме колку што е можно најбрзо, изјави министерот за европски прашања Орхан Муртезани, кој денеска во Брисел учествуваше на состанокот на Советот за општи работи на ЕУ (ГАК). Главна тема на заседанието на ГАК беше Извештајот на Европската комисија за владеење на правото за 2024 година, со кој годинава покрај земјите членки на ЕУ, првпат беа опфатени и четирите држави од Западниот Балкан вклучени во пристапниот процес – Северна Македонија, Албанија, Србија и Црна Гора. A1on
За време на денешниот престој во Брисел, Муртезани имаше и куси средби и со колегите од трите други земји кандидати за членство во ЕУ од Западниот Балкан, како и со некои од министрите учесници на заседанието на ГАК, меѓу кои и со германската државна министерка за Европа, Ана Лирман и со новиот француски министер за Европа и надворешни работи Жан-Ноел Баро.
На средбите било договорено Муретзани и Лирман да одржат билатерална средба на 14 октомври во Брисел, додека новоименуваниот француски министер најавил интерес да ја посети земјава. Novamakedonija
На состанок, се разговарало за состојбите во четирите области опфатени со последниот Извештај на Европската комисија за махенизмот за владеење на правото и тоа во делот на судскиот систем, борбата против корупцијата, медиумскиот плурализам и слободата на медиумите, како и други институционални прашања поврзани со контролните механизми.
Министер за европски прашања, Орхан Муртезани, кој ја претставуваше Македонија, на состанокот ја поздравил одлуката на ЕУ за вклучување на земјите од регинот во механизмот, креиран за мерење на владеењето на правото во земјите-членки, што според него означува критичен чекор за земјава во нејзината забрзана интеграција во ЕУ. „Гледајќи напред, бараме целосно учество на земјите кандидати во овој механизам, вклучително детални препораки и мониторинг, што ќе придонесе за брзо усогласување со европските стандарди. Telma
Нашето медиумско опкружување мора да биде водич на демократскиот дијалог, но истовремено мора да биде заштитено од надворешно мешање.
Зајакнување на демократските институции: Ние сме посветени на зацврстувањето на нашите демократски процеси преку засилување на надзорот на Собранието врз извршната власт, зголемување на транспарентноста и обезбедување поголема отчетност во државните институции. Press24
Тоа што земјите кандидати од Западниот Балкан првпат се вклучени во механизмот на владеење на правото, којшто до сега беше исклучиво наменет само за земјите членки, е многу битен чекор во тоа што ние го нарекуваме „фејзинг ин“ (постепено вклучување) и ова е уште една потврда дека ЕУ се отвора кон земјите кандидати и постојано не вклучува во механизмите коишто се само за членките во ЕУ, порача Муртезани, кој воедно е и главен преговарач на земјава со Европската Унија.
Тој посочи дека главен акцент во дискусиите на состанок бил ставен на владеењето на правото, односно на состојбите во правосудството и реформите на правосудниот систем, борбата против корупцијата и организираниот криминал и слободата на говорот и медиумите. A1on
Mинистерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска во Брисел учествуваше на официјалниот состанок на Советот за општи работи на Европската Унија (ГАК). Ова е прв пат Северна Македонија, Црна Гора, Албанија и Србија да бидат вклучени во Извештајот на Европската комисија за владеење на правото, нудејќи им можност на министрите од земјите-кандидатки, во инклузивна средина, заедно со министрите од земјите-членки на Унијата да разменат мислења за прашања поврзани со владеење на правото.
Министерот Муртезани, на Состанокот ја поздрави одлуката за вклучување на Северна Македонија во Механизмот на ЕУ за владеење на правото, кој ќе обезбеди јасна патека за следење и оценување на нашиот напредок кон усогласување со стандардите на ЕУ, осигурувајќи дека ги исполнуваме демократските одредници и одредниците за владеење на правото неопходни за членство во Унијата. Press24
Министерот посочи дека новата Влада мора особено да посвети внимание и во скора иднина „да ги санира последиците нанесени од претходната Влада со донесувањето на Кривичниот законик“, кој, како што нагласи, во Брисел го гледаат како на антиевропски и во спротивност со европските вредности.
Мора да донесеме Кривичен законик којшто е согласно стандардите на Европската Унија, за тоа да не стане пречка за понатамошното напредување на земјата кон полноправно членство, потенцира Муртезани. A1on