Нека му е со среќа – вака кусо и отсечно премиерот Христијан Мицкоски денеска ја коментираше најавата на пратеникот од Вреди Халил Снопче, кој синоќа го повтори ставот на албанската коалиција дека ќе ја напуштат Владата доколку се усвојат измените на Законот за бранители без да биде предвидено обештетување и за поранешните борци на ОНА.
Премиерот со истиот одговор одговори и на новинарско барање за коментар на најавите на лидерот на опозициската ДУИ Али Ахмети, кој е револтиран за балансерот и најави дека ќе излезат на протести. Press24
По изјавата на Халил Снопче, заменик претседател на „Вреди“ дека ќе излезат од владината коалиција доколку се изгласа Законот за бранители, денеска премиерот Христијан Мицкоски на новинарско прашање, како планира ова да го реши, кусо одговори „Нека му е со среќа“. Biznisvesti