Во периодот на изборниот процес Државната Комисија за спречување на корупција (ДКСК) оформила вкупно 65 предмети, кои се резултат на пријави за сомневање за сторени повреди на Изборниот законик и Законот за спречување на корупцијата, предмети оформени по сопствена иницијатива на Комисијата, како и приговор поднесен од организатор на изборна кампања. Netpress
Директорката, во текот на мај 2024 година, во својство на Организациски директор на Клиниката, со здравствените работници потпишала договори за дело спротивно на Законот за здравствена заштита, со кои дејствија ги пречекорила своите службени овластувања и прибавила противправна имотна корист за наведените лица, а со тоа го оштетила Буџетот на Република Северна Македонија.
Овој чекор претставува потврда на заложбите на ДКСК за борба против корупцијата и утврдување на одговорноста на сите лица кои се инволвирани во прекршување на законите. Sitel
По иницијатива на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) за злоупотреба на службена положба Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје отпочна постапка против поранешниот организациски директор на Клиниката за токсикологија.
„Основното јавно обвинителство Скопје, по поднесената иницијатива од страна на ДКСК за кривично гонење, ја прифати иницијативата, оформи предмет и отпочна постапка по обвинителен предлог против организацискиот директор на Универзитетската клиника за токсикологија“, од ДКСК. Radiomof