Во периодот на изборниот процес Државната Комисија за спречување на корупција (ДКСК) оформила вкупно 65 предмети, кои се резултат на пријави за сомневање за сторени повреди на Изборниот законик и Законот за спречување на корупцијата, предмети оформени по сопствена иницијатива на Комисијата, како и приговор поднесен од организатор на изборна кампања. Republika
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска соопшти дека Основното јавно обвинителство Скопје, по поднесената иницијатива од страна на ДКСК за кривично гонење, ја прифатило иницијативата, оформило предмет и отпочнало постапка по обвинителен предлог против организацискиот директор на Универзитетската клиника за токсикологија. Novamakedonija
Директорката, во текот на мај 2024 година, во својство на Организациски директор на Клиниката, со здравствените работници потпишала договори за дело спротивно на Законот за здравствена заштита, со кои дејствија ги пречекорила своите службени овластувања и прибавила противправна имотна корист за наведените лица, а со тоа го оштетила Буџетот на Република Северна Македонија.
Овој чекор претставува потврда на заложбите на ДКСК за борба против корупцијата и утврдување на одговорноста на сите лица кои се инволвирани во прекршување на законите. Sitel