Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
18
20.92
25.52
3.50/1.22
18.00
7.07
0.39
1538.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 18
13 ■ 0.99/0.01 ■ 2 ■ 73.4
Best clustering variants
13 0.99/0.01 2 73.4
Plusinfo

Комитетот на постојани претставници на владите на земјите членки во Европската Унија (Корепер) донел одлука Албанија да ги започне преговорите за членство со ЕУ по поглавја, со што би била одвоена од земјава на европскиот пат, тврди бриселскиот портал „Еурактив“, повикувајќи се на извори во Советот на ЕУ. ЕУ донесе одлука за старт на преговорите со Северна Македонија и со Албанија во пакет во јули 2022, по што двете земји го спроведоа скринингот, но понатамошниот преговарачкиот процес по поглавјата беше запрен – за земјава поради неисполнувањето на преземената обврска за промена на Уставот, а за Албанија поради блокада од Грција, по приведувањето на кандидатот за градоначалник на албанскиот град Химара, Фреди Белери, етнички Грк, под обвинение за поткуп на гласачи пред изборите.

Белери, кој во меѓувреме беше избран за европратеник од Грција на изборите во јуни, беше ослободен од притвор за да може да го заземе своето место во Европскиот парламент. Plusinfo

10:42 h 26-Sep-2024
  • На вчерашната средба на постојаните претставници на земјите членки на ЕУ во Брисел, се потврди она што одамна беше најавувано, се разделуваат Северна Македонија и Албанија на патот кон ЕУ . Албанија ги почнува преговорите за членство во ЕУ на 15 октомври, со отварањето на првиот кластер „Темелни вредности“ на меѓувладината конференција меѓу ЕУ и Албанија што ќе се одржи во Луксембург.
  • ◉ Албанија ги почнува преговорите за членство во ЕУ, Северна Македонија во чекалната
23:09 h 25-Sep-2024
  • Амбасадорите на земјите членки на Европската Унија денеска во Брисел едногласно одлучија Албанија да ги продолжи преговорите за полноправно членство во ЕУ, објави вечерва Бугарското национално радио БНР.
  • Албанија на 15 октомври го отвора првото поглавје и се разделува од Северна Македонија на патот кон ЕУ
22:20 h
  • Она што и се очекуваше денеска беше и потврдено во Брисел: Албанија практично ги почнува преговорите со ЕУ на 15 октомври.
  • Албанија ги почнува преговорите со ЕУ на 15 октомври, Македонија не
20:56 h
  • Амбасадорите на земјите од ЕУ денеска едногласно одлучија да почнат преговори за членство со Албанија, пишува бугарскиот медиум Ова ќе се случи на 15 октомври во Луксембург, во рамките на Меѓувладината конференција „ЕУ-Албанија“.
  • Албанија на 15-ти октомври отвора поглавје и со тоа се одвојува од Македонија на патот кон ЕУ, пишува бугарски медиум
11:10 h
  • Во резолуцијата се вели дека македонското друштво „Илинден“ – Тирана и македонското национално малцинство во Албанија бараат од Владата на Албанија досегашниот Комитет за национални малцинства од консултативно тело на Владата да прерасне во агенција за национални малцинства со посериозни и обврзувачки ингеренции за афирмација на националните малцинства во Албанија Федералната унија на европски националности (ФУЕН) усвои резолуција со која од албанските институции се бара промена на сегашниот Комитет за национални малцинства од консултативно тело во независна агенција на националните малцинства, која ќе има посериозни и обврзувачки надлежности за ги афирмира националните малцинства во Албанија.
  • Продолжува борбата за заштита на македонското малцинство во Албанија