Иако новиот Деловник за работа на Собранието почна да се применува практично од овој собрански состав, Гаши веќе ќе отвори расправа за дополнителни толкувања најавувајќи практично и јавна расправа која може долго да трае, со крајна порака дека – ни тоа нема да го реши проблемот бидејќи тој ќе работи според Деловникот (така како што го толкува самиот и спроведува). Практично Гаши ја закопа инциијативата на СДСМ за свикување на Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања на која треба да се утврди одговорност кај претседателката на Комисијата за социјална политика, Даути Илире, од Алијансата за Албанците која испадна поитра и помоќна и од Владата, и од претседателот на Собранието, и од пратеничките групи и направи деловнички преседан кој, ако се истолерира, внесува самоволие во законодавниот дом. Nezavisen