Барање до претседателот на Собранието Африм Гаши да ја свика Комисијата за деловнички прашања достави потпретседателот од редовите на СДСМ Јован Митрески.
Денес како потпретседател на Собранието предложен од најголемата опозициска партија, врз основа на член 62, став 4 од деловникот, преку архивата доставив допис, барање до претседателот на собранието, господинот Африм Гаши, да ја задолжи комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања и да свика седница каде ќе се толкува примената на членот 126 став 3. Бидејќи апсолутно не се согласувам со образложението на претседателот за овој член од деловникот, го доставив наведеното барање, изјави пратеникот на СДСМ, Јован Митрески.