Сепак, сега, како што тврди „Еурактив“, Албанија на 15 октомври ќе одржи Меѓувладина конференција со ЕУ, на која ќе ги отвори преговорите по Кластерот 1 – „Основи вредности“, во кој се вклучени и поглавјата Набавки, Статистика, Судство и Основни права, Правда, Слобода и Безбедност и Финансиска контрола.
Ова е добра вест за Албанија во нејзините напори да ги исполни барањата за напредок на нејзиниот пат кон ЕУ, но е назадување за Северна Македонија, која уште еднаш не успева да го направи решавачкиот чекор кон пристапувањето во ЕУ – додава „Еурактив“. Plusinfo
Комитетот на постојани претставници на владите на земјите членки во Европската Унија (Корепер) донел одлука Албанија да ги започне преговорите за членство со ЕУ по поглавја, со што би била одвоена од земјава на европскиот пат, тврди бриселскиот портал „Еурактив“, повикувајќи се на извори во Советот на ЕУ. ЕУ донесе одлука за старт на преговорите со Македонија и Албанија во пакет во јули 2022, по што двете земји го спроведоа скринингот, но понатамошниот преговарачкиот процес по поглавјата беше запрен – за земјава поради неисполнувањето на преземената обврска за промена на Уставот, а за Албанија поради блокада од Грција, по приведувањето на кандидатот за градоначалник на албанскиот град Химара, Фреди Белери, етнички Грк, под обвинение за поткуп на гласачи пред изборите.
Белери, кој во меѓу време беше избран за европратеник од Грција на изборите во јуни, беше ослободен од притвор за да може да го заземе своето место во Европскиот парламент. Denesen
Постојаните претставници на ЕУ на вчерашната средба во Брисел едногласно донеле одлука за почеток на преговори со Албанија за нејзино членство во ЕУ, објави бугарското национално радио . Tоа, де факто, значи одвојување на Албанија и Македонија во процесот за пристапување во ЕУ. Почетокот на преговорите ќе се официјализира на 15:ти октомври во рамките на меѓувладината конференција ЕУ – Албанија во Луксембург, по што ќе се отворат поглавјата од кластерот 1 „Основни вредности“. Libertas
Комитетот на постојани претставници на владите на земјите членки во Европската Унија (Корепер) донел одлука Албанија да ги започне преговорите за членство со ЕУ по поглавја, со што би била одвоена од земјава на европскиот пат, тврди бриселскиот портал „Еурактив“, повикувајќи се на извори во Советот на ЕУ. ЕУ донесе одлука за старт на преговорите со Северна Македонија и Албанија во пакет во јули 2022, по што двете земји го спроведоа скринингот, но понатамошниот преговарачкиот процес по поглавјата беше запрен – за земјава поради неисполнувањето на преземената обврска за промена на Уставот, а за Албанија поради блокада од Грција, по приведувањето на кандидатот за градоначалник на албанскиот град Химара, Фреди Белери, етнички Грк, под обвинение за поткуп на гласачи пред изборите. Libertas
Стартот ќе на меѓувладината конференција меѓу ЕУ и Елбанија што ќе се одржи во Луксембург.
Со тоа, како што наведуваат дипломатски извори во Брисел практично се разделуваат Македонија и Албанија на патот кон ЕУ. Македонија и Албанија во ист ден ги одржаа првите меѓуваладини конференции во јули 2022. Nezavisen
„Официјално се уште немаме најава“, изјави Орхан Муртезани за ТВ21.
Инаку според информациите, тоа ќе се случи на 15 октомври во Луксембург, во рамките на Меѓувладината конференција „ЕУ-Албанија“. Mk
Од новиот состав во Собранието засега нема најава дека е обезбедено мнозинство за таков чекор, додека новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ бара преодни решенија со таканаречениот „француски предлог плус“, документ со кој македонската делегација замина во Брисел минатата недела за да бара одложена примена на уставните измени, едноставно не помина, иако министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски посочи дека со претставниците на ЕУ се дискутирало за овие прашања и дека дијалогот продолжува, судејќи според посветеноста на Владата, во недоглед.
Со разделувањето на Македонија и Албанија нашата земја останува во вакуум просторот меѓу земјите од Западен Балкан кои ги почнале преговорите (Црна Гора, Србија и Албанија) и оние што се далеку од таа фаза (Босна и Херцеговина и Косово). За потсетување, Турција ги започна преговорите за полноправно членство во ЕУ на 3 октомври 2005 година, по нејзиното барање на 14 април 1987 година да стане полноправна членка на Европската економска заедница (ЕЕЗ), претходникот на ЕУ. Но, од 2016 година, пристапните преговори се заглавени откако ЕУ ја обвини Турција за кршење на човековите права и дефицит во владеењето на правото. Civilmedia
Со тоа Софија ќе го укине своето вето и напредокот на разговорите во Скопје.
Сепак, договорот не е имплементиран поради недостаток на политичка волја и консензус во Северна Македонија, што значи дека на двете земји нивниот пристапен процес е закочен. Slobodenpecat
Белерис беше осуден на две години затвор, а на почетокот на септември беше ослободен откако одлежа две третини од казната.
Тоа беше доволна причина за Грција да се согласи со продолжување на преговорите за членство на Албанија во ЕУ. Како што други бугарски медиуми, на состанокот на дневен ред воопшто не била ставена темата за продолжување на преговорите со Северна Македонија. Libertas
Следниот месец Албанија ќе го отвори првиот кластер во пристапните преговори со Европската Унија (ЕУ), јавува (РСЕ). Оваа одлука сега резултира со неформално одвојување на Албанија од Македонија, бидејќи Бугарија сè уште не ѝ дозволува напредок во пристапните преговори со ЕУ. Амбасадорите на земјите-членки на ЕУ се договорија на следната меѓувладина конференција, на 15 октомври, Албанија да отвори пет поглавја од првиот кластер. Radiomof
Сепак сега, како што тврди „Еурактив“, Албанија на 15 октомври ќе одржи Меѓувладина конференција со ЕУ, на која ќе ги отвори преговорите по Кластерот 1 наречен „Основни вредности“, во кој се вклучени и поглавјата набавки, статистика, судство и основни права, правда, слобода и безбедност и финансиска контрола.
По изборите во мај годинава, на кои победи ВМРО-ДПМНЕ, владата на Христијан Мицкоски стави до знаење дека сака да го репреговара т.н. „француски предлог“, што, како што потсетува „Еурактив“, наиде на отфрлање од ЕУ која предупреди дека следниот чекор ќе биде одвојување на Северна Македонија и Албанија од патот кон ЕУ. И покрај тоа што посетата на македонската претседателка на Софија беше неофицијална, што протоколарно не предвидува поставување на знамето во таква прилика, како што оценува „Еурактив“, сепак, таа ги заостри односите меѓу двете земји, по што бугарскиот претседател извести дека скандалот го организирале моќни сили кои не сакаат Северна Македонија да стане дел од ЕУ. Slobodnaevropa