Сепак, сега, како што тврди „Еурактив“, Албанија на 15 октомври ќе одржи Меѓувладина конференција со ЕУ, на која ќе ги отвори преговорите по Кластерот 1 – „Основи вредности“, во кој се вклучени и поглавјата Набавки, Статистика, Судство и Основни права, Правда, Слобода и Безбедност и Финансиска контрола.
Ова е добра вест за Албанија во нејзините напори да ги исполни барањата за напредок на нејзиниот пат кон ЕУ, но е назадување за Северна Македонија, која уште еднаш не успева да го направи решавачкиот чекор кон пристапувањето во ЕУ – додава „Еурактив“. Plusinfo
Комитетот на постојани претставници на владите на земјите членки во Европската Унија (Корепер) донел одлука Албанија да ги започне преговорите за членство со ЕУ по поглавја, со што би била одвоена од земјава на европскиот пат, тврди бриселскиот портал „Еурактив“, повикувајќи се на извори во Советот на ЕУ. ЕУ донесе одлука за старт на преговорите со Македонија и Албанија во пакет во јули 2022, по што двете земји го спроведоа скринингот, но понатамошниот преговарачкиот процес по поглавјата беше запрен – за земјава поради неисполнувањето на преземената обврска за промена на Уставот, а за Албанија поради блокада од Грција, по приведувањето на кандидатот за градоначалник на албанскиот град Химара, Фреди Белери, етнички Грк, под обвинение за поткуп на гласачи пред изборите.
Белери, кој во меѓу време беше избран за европратеник од Грција на изборите во јуни, беше ослободен од притвор за да може да го заземе своето место во Европскиот парламент. Denesen
Постојаните претставници на ЕУ на вчерашната средба во Брисел едногласно донеле одлука за почеток на преговори со Албанија за нејзино членство во ЕУ, објави бугарското национално радио . Tоа, де факто, значи одвојување на Албанија и Македонија во процесот за пристапување во ЕУ. Почетокот на преговорите ќе се официјализира на 15:ти октомври во рамките на меѓувладината конференција ЕУ – Албанија во Луксембург, по што ќе се отворат поглавјата од кластерот 1 „Основни вредности“. Libertas
Комитетот на постојани претставници на владите на земјите членки во Европската Унија (Корепер) донел одлука Албанија да ги започне преговорите за членство со ЕУ по поглавја, со што би била одвоена од земјава на европскиот пат, тврди бриселскиот портал „Еурактив“, повикувајќи се на извори во Советот на ЕУ. ЕУ донесе одлука за старт на преговорите со Северна Македонија и Албанија во пакет во јули 2022, по што двете земји го спроведоа скринингот, но понатамошниот преговарачкиот процес по поглавјата беше запрен – за земјава поради неисполнувањето на преземената обврска за промена на Уставот, а за Албанија поради блокада од Грција, по приведувањето на кандидатот за градоначалник на албанскиот град Химара, Фреди Белери, етнички Грк, под обвинение за поткуп на гласачи пред изборите. A1on
Стартот ќе на меѓувладината конференција меѓу ЕУ и Елбанија што ќе се одржи во Луксембург.
Со тоа, како што наведуваат дипломатски извори во Брисел практично се разделуваат Македонија и Албанија на патот кон ЕУ. Македонија и Албанија во ист ден ги одржаа првите меѓуваладини конференции во јули 2022. Nezavisen
Потоа ќе се отвори „Кластер 1 „Основни прашања“.
Во пракса тоа значи одвојување на Албанија и Северна Македонија, велат дипломатски извори во Брисел. Skopjeinfo
Од новиот состав во Собранието засега нема најава дека е обезбедено мнозинство за таков чекор, додека новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ бара преодни решенија со таканаречениот „француски предлог плус“, документ со кој македонската делегација замина во Брисел минатата недела за да бара одложена примена на уставните измени, едноставно не помина, иако министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски посочи дека со претставниците на ЕУ се дискутирало за овие прашања и дека дијалогот продолжува, судејќи според посветеноста на Владата, во недоглед.
Со разделувањето на Македонија и Албанија нашата земја останува во вакуум просторот меѓу земјите од Западен Балкан кои ги почнале преговорите (Црна Гора, Србија и Албанија) и оние што се далеку од таа фаза (Босна и Херцеговина и Косово). За потсетување, Турција ги започна преговорите за полноправно членство во ЕУ на 3 октомври 2005 година, по нејзиното барање на 14 април 1987 година да стане полноправна членка на Европската економска заедница (ЕЕЗ), претходникот на ЕУ. Но, од 2016 година, пристапните преговори се заглавени откако ЕУ ја обвини Турција за кршење на човековите права и дефицит во владеењето на правото. Civilmedia
Двете држави во јули 2022 година ги одржаа првите меѓувладини конференции, по што го почнаа процесот на скрининг.
Во меѓувреме, Албанија беше блокирана од Грција поради притворањето на Фреди Белерис, етнички Грк, за предизборен поткуп, кој потоа беше избран за градоначалник на Химара, а албанските власти не му дозволуваа да положи заклетва. 360stepeni
Откако амбасадорите на земјите од ЕУ одлучија да започнат преговори со Албанија за членство во ЕУ, додека Македонија нема да биде дел од нив, министерот за европски прашања Орхан Муртезани за ТВ21 изјави дека немаат официјална најава. Mk
Сепак сега, како што тврди „Еурактив“, Албанија на 15 октомври ќе одржи Меѓувладина конференција со ЕУ, на која ќе ги отвори преговорите по Кластерот 1 наречен „Основни вредности“, во кој се вклучени и поглавјата набавки, статистика, судство и основни права, правда, слобода и безбедност и финансиска контрола.
По изборите во мај годинава, на кои победи ВМРО-ДПМНЕ, владата на Христијан Мицкоски стави до знаење дека сака да го репреговара т.н. „француски предлог“, што, како што потсетува „Еурактив“, наиде на отфрлање од ЕУ која предупреди дека следниот чекор ќе биде одвојување на Северна Македонија и Албанија од патот кон ЕУ. И покрај тоа што посетата на македонската претседателка на Софија беше неофицијална, што протоколарно не предвидува поставување на знамето во таква прилика, како што оценува „Еурактив“, сепак, таа ги заостри односите меѓу двете земји, по што бугарскиот претседател извести дека скандалот го организирале моќни сили кои не сакаат Северна Македонија да стане дел од ЕУ. Slobodnaevropa