Комисијата за надворешна политика на Народното собрание на Бугарија денеска ја усвои декларацијата за односите со Македонија, предложена од крајнодесничарската партија „Преродба“, пренесува државната новинска агенција БТА. Denesen
Повод за вонредниот состанок и усвојувањето на декларацијата, како што се наведува, „се низата антибугарски изјави на водечките политичари во Република Северна Македонија, кои имаат за цел да ги минираат билатералните односи и да ја претстават Бугарија во лошо светло пред европските партнери“, како и „одбивањето на РСМ да ги исполни условите предвидени во преговарачката рамка, што ќе и овозможи на земјата да започне вистински процес на преговори за европска интеграција“.
Претседателот на Комисијата за надворешна политика и лидер на ГЕРБ Бојко Борисов, најави дека декларацијата денеска ќе биде усвоена од Народното собрание на Бугарија на пленарна седница. Civilmedia