Градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов и на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски се вечерва соговорници во „Клик Плус“ на ТВ21.
Двајцата едногласно се сложија дека е катастрофално да се зборува за немање на канализација и основни услови за живот во некои општини во 21. век. Mk
Градоначалникот на општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски, во вечерашното гостување во емисијата ,,Клик плус” на ТВ21, запрашан за можноста да биде следниот градоначалник на Скопје бидејќи неговото име кружи во јавноста, рече дека не ја исклучува можноста за тоа и би го прифатил тој предизвик. Press24
Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски во дебата на ТВ21 изјави дека во ЗЕЛС се составува тим од градоначалници и правници, кои ќе изготват предлог законски измени и ќе ги достават до Министерството за локална самоуправа кои би го предложиле до законодавниот дом, со цел да се создаде механизам за отповикување на градоначалник кој не е во функција на граѓаните. Press24