Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски во дебата на ТВ21 изјави дека во ЗЕЛС се составува тим од градоначалници и правници, кои ќе изготват предлог законски измени и ќе ги достават до Министерството за локална самоуправа кои би го предложиле до законодавниот дом, со цел да се создаде механизам за отповикување на градоначалник кој не е во функција на граѓаните. Libertas
Градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов и на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски се вечерва соговорници во „Клик Плус“ на ТВ21.
Двајцата едногласно се сложија дека е катастрофално да се зборува за немање на канализација и основни услови за живот во некои општини во 21. век. Mk