Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека уште кога бил во посета на Брисел било најавено дека најверојатно Албанија ќе ги почне преговорите и ќе се одвои од земјава, но нагласи дека тоа е лоша порака кон македонските граѓани, бидејќи државата во, како што рече над дводецениски пат кон интеграција во ЕУ сторила многу работи, повеќе од која било кандидатка или актуелна членка, а кои најчесто немаат никаква врска со Копенхагенските критериуми. Telma