Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
20
23.93
25.02
4.90/1.77
20.00
7.32
0.37
1829.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 20
24 ■ 0.99/0.01 ■ 3 ■ 539.5
Best clustering variants
24 0.99/0.01 3 539.5
Libertas

Патот за Брисел и фрустрацијата на народот Премиерот минатата недела престојуваше во Брисел на состанок со Европска комисија, каде што главната цел на состанокот беше претставување на Планот за развој, односно планот на македонската влада за исполнување на критериумите за добивање поволни кредити и грантови од ЕУ за развој на Западен Балкан.

Запрашан пред да замине во Брисел, дали ќе побара менување на Преговарачаката рамка за пристапните преговори Мицкоски не коментираше, а на прашањето што ќе им каже на функционерите од ЕУ, Мицкоски рече дека, „доколку стане збор за евроинтегративниот процес“, ќе им ја пренесе фрустрацијата на македонскиот народ и граѓаните од долгиот процес на пристапување и понижувачките услови што притоа земјата и народот ги трпеле (Канал 5/Јутјуб,18.09.2024). Немаше изјави по средбите околу тоа дали Мицкоски зборувал за барањето за одложено дејство на уставните амандмани за внесување на Бугарите во Уставот, како услов за преговори. Libertas