Сепак, и покрај ваквата одлука, како што наведува „Еуроњуз“, Брисел се надева дека новите власти во Скопје ќе останат фокусирани на европскиот пат.
Според дипломатски извори, до надминување на пречките за почеток на преговорите по поглавја, Брисел очекува земјава да работи на спроведување на реформската агенда од Планот на Европската комисија за раст на Западниот Балкан, со кој се предвидени шест милијарди евра за инвестиции во државите од регионот со цел доближување на нивните економи и општества до стандардите на ЕУ уште пред полноправното членство. Biznisvesti
Комитетот на постојаните претставници на владите на земјите членки на ЕУ (Корепер) минатата недела донесе одлука Албанија на 15 октомври да ги започне преговорите по Кластерот 1 – „Основни вредности“, со што преминува во следната фаза од преговарачкиот процес за членство во Унијата и се раздвојува на европскиот пат од земјава. A1on
Целта на ваквиот модел е да се создаде еден вид натпревар меѓу државите од регионот и да се поттикнат на побрза имплементација на реформите.
Се очекува ЕК да ги одобри реформските агенди во текот на овој месец, со што првите авансни средства за земјите од регионот би биле исплатен до крајот на оваа година. Civilmedia
Средствата се распределени меѓу државите од Западниот Балкан според висината на нивниот БДП и бројноста на населението, но доколку некоја од нив не ги спроведе бараните реформи, тогаш сумата предвидена за неа ќе биде пренасочена кон другите земји од регионот кои посветено ја имплементираат својата реформска агенда.
Целта на ваквиот модел е да се создаде еден вид натпревар меѓу државите од регионот и да се поттикнат на побрза имплементација на реформите. Civilmedia