Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
121
20.60
25.79
43.75/6.57
121.00
28.82
0.24
10513.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 121
196 ■ 0.99/0.01 ■ 13 ■ 622.9
Best clustering variants
196 0.99/0.01 13 622.9
10:54 h 03-Oct-2024
  • Во последните 100 дена, премиерот Христијан Мицкоски и Владата успеаа да реализираат 100 мерки кои директно влијаат на секојдневниот живот на граѓаните.
  • ◉ За 100 дена 100 мерки – Мицкоски наметнува жестоко темпо
14:31 h 01-Oct-2024
  • „За прв пат по седум години, платите почнаа да паѓаат и просечната плата падна за цели 1000 денари“.
  • Филипче: 100 дена ВМРО-ДПМНЕ – Ниту повисоки плати, ниту заштита на животниот стандард!
14:25 h
  • Лидерот на СДСМ, Венко Филипче денеска на прес конференција го впери прстот кон ВМРО-ДПМНЕ во однос на нивниот катастрофален резултат на изборите.
  • Филипче: Една сериозна причина за поразот на СДСМ е величествената кампања на ВМРО-ДПМНЕ темелена на лага
14:08 h
  • „Ниту како човек, ниту како универзитетски професор, ниту како политичар нема да дозволам од тоа да правам естрада.
  • Мицкоски: Немам намера да манифестирам сила, моќ и реваншизам - имаме јасен план за реформи во правосудството
13:44 h
  • Премиерот Христијан Мицкоски негираше денес дека оди кон откажување од ЕУ, но и по неколку обиди на новинарите не кажа јасно како ќе ги продолжи преговорите, освен дека ќе бара нови разговори со Бугарија и утврдување нови услови, по примерот на Преспанскиот договор.
  • Мицкоски не се откажува од ЕУ, но не кажува како ќе продолжи со преговорите
13:30 h
  • Рокот до 30 септември што го даде Владата помина, но за жал до нас не стигна ниту еден конкретен предлог како треба да се одвива реформата во нашиот правосуден систем.
  • Не добивме ниту еден предлог за правосудните реформи, почнуваме да го развиваме нашиот систем на реформи, најави Мицкоски
12:51 h
  • Оваа влада нема да направи ништо спортивно на националните интереси и стратешки правци на граѓаните.
  • Мицкоски: Ќе се бориме за членство во ЕУ, но без да ги повредиме националните интереси
12:37 h
  • Како влада направивме неколку грешки, кои не беа катастрофални, но го слушавме гласот на народот и навреме се коригиравме, рече премиерот Христијан Мицкоски во своето излагање по повод 100 дена од владеењето.
  • Мицкоски: Секој што работи може и да погреши – се корегиравме слушајќи го гласот на јавноста
11:00 h
  • Сто дена дена владеење на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е период на изговори, скандали, разочарувања, изневерени ветувања и назадување, се истакнува во денешната реакција од СДСМ за 100 дена на новата Влада и исто толку во опозиција на СДСМ, по 8-годишното катарстрофално владеење.
  • СДСМ: Ако денот се познава по утрото, лошо не чека со Мицкоски – не може да испорача ни половина, а вети 5.000 денари поголеми пензии
09:39 h
  • Од СДСМ утрово со соопштение по повод 100 дена Влада.
  • СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски, 100 дена изговори, скандали и разочарувања
Novamakedonija

Затоа од денеска ние почнуваме да го развиваме нашиот систем и започнуваат реформите во македонскиот правосуден систем, затоа што Македонија и граѓаните немаат повеќе простор за чекање, порача премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција по повод 100 дена од мандатот на новата Влада.

Тој подвлече дека борбата против корупцијата е една од можеби најголемите забелешки која ја слушал изминативе денови, односно зошто се уште не започна борбата против корупцијата, односно зошто не апсиме, но потенцира дека ниту како човек, ниту како универзитетски професор, ниту како политичар нема да дозволи од тоа да прави естрада и никогаш вели, нема да се случи преку својата позиција и злоупотребите на институциите кои што се дел од македонската Влада да манифестира сила моќ и реваншизам, затоа што засекогаш мора да престане тој начин на однесување. Novamakedonija

Slobodnaevropa

Премиерот Христијан Мицкоски, по повод првите 100 дена од работата на Владата, рече државата нема да отстапи од полноправното членство во Европската унија (ЕУ), но дека нема да направи ниту една остстапка која ќе значи „дополнително понижување и срам“ за македонските граѓани.

Опозицискиот лидер Венко Филипче реагираше оценувајќи дека власта на ВМРО-ДПМНЕ за 100 дена ја закопала европската иднина на државата „и не оставила на дното на Балканот.“ Мицкоски на прес-конференција на 1 октомври рече дека земјата останува во „чекалната“ на ЕУ поради , но ја уверува македонската јавност за две работи: прво, дека Владата нема да направи ништо спротивно на интересите на граѓаните и на националните интереси, и второ - дека нема да отстапи од полноправно членство во ЕУ „И ако треба ќе разговараме со кого било, и ако треба ќе разговараме колку и да е потребно за да дојдеме до договор и компромис, кој е достоен, кој нема да повторно да ги повреди чувствата на македонскиот народ, но и на останатите кои живеаат заедно со него“, рече Мицкоски. Slobodnaevropa