Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
9
22.61
21.11
1.53/0.90
9.00
3.77
0.42
835.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 9
15 ■ 0.99/0.01 ■ 2 ■ 221.2
Best clustering variants
15 0.99/0.01 2 221.2
Press24

Тие ја имаат способноста да се издигнат над личните интереси и профитот и да ја видат големата човечка слика.

Верувам дека токму жените лидерки во економијата, со својата енергија, посветеност, решителност, вештини и знаење може да ги преусмерат економските текови, ставајќи мировен, женски печат и промовирајќи и стимулирајќи одржливи и фер економски политики и модели, истакна претседателката Сиљановска Давкова, додавајќи дека жените лидерки во економијата поседуваат докажана општествена одговорност, грижа за заедницата и екологијата, остварување на милениумските цели без експлоатација и нарушување на работничките права. та Во своето обраќање претседателката изрази очекување дека релевантното меѓународно присуство и активност ќе ги охрабри и стимулира македонските лидерки да станат уште поактивни социјални актерки во низа области. Press24

Kanal5

Затоа јас посакувам да ја градиме Македонија како отворена, како социјална држава без оглед на партиската идеологија и определба“, порача претседателката Сиљановска Давкова во обраќањето на годинешната „Текстилијада - 8 “. Претходно, во центарот на Штип, а во рамки на настанот, претседателката Сиљановска Давкова присуствуваше на откривање на уметничко дело - статуа на тема „Различни насоки, иста цел“, изработена од Никола Смилков.

Тема на годинешната „Текстилијада - 8“ е „Различни насоки, иста цел“, а е насочена кон нагласување на различните пристапи што ги преземаат здруженијата, синдикатите, институциите и властите на локално и национално ниво за подобрување на работните услови и правата на работниците и работничките, како и општествено одговорните модни брендови, компаниите, работодавачите и организациите кои се стремат да ги подобрат работните процеси и продуктивноста на работниците и работничките. Kanal5