Nezavisen
Реконструкција и изградба на патишта, адаптација и реконструкција на објекти во енергетско ефикасни згради, реконструкција на објекти од областа на образованието и социјалната и здравствена заштита, подобрување на инфраструктурата на туристичко-излетнички места, се само дел од проектните стратегии кои ги имплементиравме за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните, рече Перински на презентацијата на активностите и проектите од неговиот ресор во 100 дена од новата Влада.
Дел од проектите, информираше Перински, се имплементираат преку Бирото за регионален развој, некои во соработка со општините, а има и проекти кое се резултат на партнерските односи на Министерството за локална самоуправа со Швајцарската агенција за обнова и развој, како и со проектните партнери на локалната самоуправа како УНДП, ОБСЕ мисијата и Националниот демократски институт (НДИ). Важен сегмент од инвестицискиот план, посочи министерот, се и проектите од ИПА-Програмата, во соработка со сите пет соседни земји кои заеднички придонесуваат за развој на пограничните региони. Nezavisen