Министерот за јавна администрација на Република Северна Македонија, Горан Минчев и министерот за јавна администрација на Црна Гора, Мараш Дукај, во рамки на конференцијата во Љубљана, остварија билатерална средба со цел на зајакнување на соработката меѓу двете земји во областа на реформите во јавната администрација.
Како што информираат од Министерството за јавна администрација, на состанокот фокусот бил ставен на споделување искуства и најдобри практики во реформата на јавната администрација, доброто владеење и иновативните модели на управување. Telma
Министерот Минчев ја истакна важноста да се учи од искуството на Словенија во реформирањето на јавниот сектор, особено во областите како што се системите за плати врз основа на учинок и дигитализацијата на административните процеси.
Успехот на Словенија во модернизирањето на јавната администрација обезбедува вредни лекции за Република Македонија додека работиме на спроведување слични реформи. Biznisvesti
Минчев ги повика македонските студенти - умови да се вратат во својата татковината и да станат двигатели на промените.
На покана на Претседателот на управниот одбор на државниот Факултет за информатички студии во Ново Место, Словенија, проф. д-р Борут Рончевиќ, министерот за јавна администрација, Горан Минчев, одржа предавање каде ја истакна клучната улога на образованието, иновациите и меѓународната соработка во поттикнувањето на општествениот напредок во регионот. Kanal5
Нашата цел е да создадеме поефикасна, транспарентна и граѓанска администрација“ - посочи Минчев.
Министерот Пропс ја истакна важноста на регионалната соработка и споделувањето на знаењето во реформите на јавната администрација, наведувајќи: „Ги поздравувам отпочнатите активности од страна на македонското министерство за јавна администрација и ние сме подготвени да ја продолжиме и унапредиме соработката. Press24