Во интервју за неделникот „Фокус“, пратеникот од Европскиот фронт и лидер на едно од крилата на поделената Алијанса за Албанците, Зијадин Села, истакна дека „држи тезата оти ВМРО е помогната за да постигне апсолутн Во интервју за неделникот „Фокус“, пратеникот од Европскиот фронт и лидер на едно од крилата на поделената Алијанса за Албанците, Зијадин Села, истакна дека „држи тезата оти ВМРО е помогната за да постигне апсолутна власт“, а, како што посочи, за жал поддржувачите и членството на СДСМ во овој случај се жртва.
Токму по иницијативите за соработка меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, додава тој, бизнисменот и поранешен вицепремиер Кочо Анѓушев бил ставен на „црната листа“ на САД. Kanal5
„Ќе искористам една реченица која ја прочитав неодамна - Македонија е остров на рационалност, ама и океан на лудило и забеганост“.
Вака поранешниот премиер и лидер на СДСМ Зоран Заев во изјава за „Фокус“ одговара на обвинувањата на Зијадин Села од Европскиот фронт, кој во дека Заев му дозволил на Никола Груевски да ја напушти државата поради високиот рејгинг, а на последните избори дејствувал во корист на Христијан Мицкоски да постигне апсолутна победа. Skopjeinfo
Пратеникот од Европскиот фронт и лидер на едно од крилата на поделената Алијанса за Албанците, Зијадин Села, смета дека поранешниот премиер и лидер на СДСМ Зоран Заев влијаел и придонел лидерот на конкурентската ВМРО-ДПМНЕ и актуелен премиер Христијан Мицкоски да постигне апсолутна победа на изминатите двојни избори. Press24