Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
6
10.53
14.03
1.11/0.43
6.00
2.08
0.35
525.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 6
5 ■ 0.99/0.01 ■ 2 ■ 239.2
Best clustering variants
5 0.99/0.01 2 239.2
Fokus

Но тоа не е сѐ, тука се оние јавни претпријатија коишто е Национални шуми, Водостопанство, каде што долговите беа речи си милијарда денари, само по основ на плати беа близу половина милијарда.

Или ако сѐ се собере можам да кажам дека, не само што го беа потрошиле Буџетот за помалку од половина година, туку и долговите кои што беа големи се бројат во, она коешто го затекнавме се брои отприлика околу една милијарда евра, нешто коешто претставува историски највисоко ниво на долгови коешто една Влада го наследила“ изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за состојбата со долговите на институциите и колку истите во првите 100 дена Владата успеала да ги врати и додаде: „Но нема очајување, тоа е што е, сега сме се нафатиле за оваа работа, сме ја добиле довербата од граѓаните, работиме многу и ќе продолжиме да работиме. Fokus

Plusinfo

Со реорганизација на Буџетот во овие први 100 дена ако ја споредиме фактичката состојба што ја наследивме како Влада од минус 200 милиони евра или отприлика минус 12 милијарди денари можам да кажам дека веќе овој месец очекуваме да бидеме на позитивна нула, а што се однесува до институциите надвор од владините институции и министерствата и останатите претпријатија можам да кажам дека во моментот АД ЕСМ има евидентирани долгови од прилика нешто повеќе од 5 милијарди денари, тоа е нешто над 80 милиони евра и се работи на сервисирање и намалување на тие долгови, ФЗОМ исто така околу 5 милијарди денари веќе 2 милијарди денари ќе бидат вратени оваа година, ќе се обидеме во следната година целосно да дојдеме до состојба нула затоа што кога сте во состојба нула и кога не барате одложено плаќање тогаш и оние коишто ги испорачуваат оние лекарства коишто се потребни за пациентите ќе бидат поевтини и поквалитетни – изјави Мицкоски кој денеска присуствуваше на методско-показна вежба на Армискиот полигон „Криволак“.

Мицкоски нагласи дека долгови има и кај јавните претпријатија како што се „Национални шуми“ и „Водостопанство“, каде се речиси милијарда денари. Plusinfo