Пратеничката група на Европскиот фронт ќе продолжи засега да дејствува опозициски и во полн состав, изјави денеска Арта Биљали на прес-конференција во седиштето на ДУИ во Скопје. Plusinfo
Ова денеска на прес-конференција го изјави пратеничката од ДУИ Арта Биљали-Зендели откако вчера лидерот на Демократската партија на Албанците (ДПА) објави дека веќе нема да биде дел од „Европскиот фронт“.
Според Биљали-Зендели, парламентарната група на „Европскиот фронт“ ќе продолжи да дејствува опозициски и во полн состав и таа е единствена. Fokus