Судот по неколкучасовна расправа, донесе одлука да поведе постапка за одредби од Законот за вработени во јавниот сектор – (Член 19 став 1 алинеја 1 во делот „припадност на заедница“), Законот за административни службеници – (Член 36 став 1 алинеја 1 во делот „и припадност на заедница“), Правилникот за задолжителни елементи во јавниот оглас при вработување во јавен сектор – (член 2 став 1 алинеја 8 во делот „припадноста на заедницата/заедниците“, член 2 став 2 и 3 член 3, став 1 алинеја 1 во делот „припадност на заедница“), Правилникот за формата и содржината на регистарот на вработените во јавниот сектор – (член 3 став 1 алинеја 8), како и Методологијата за планирање на вработувањата во јавниот сектор согласно со начелото за соодветна и правична застапеност, како и формата, содржината и образецот на годишниот план за вработување и извештајот за реализација на годишниот план за вработување. аа/вг/Фото: МИА архива . Извор: МИА. Biznisvesti