Не владее СДСМ туку ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, кои имаат реален проблем, што треба да се реши со водата за пиење во неколку општини, дајте им вода за пиење на луѓето во Струмица, Гостивар, и други места, немојте да се реванширате кон граѓаните и општините, истакна пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи во дебатната емисија 24 анализа на телевизија 24, запраша кога граѓаните на Струмица и Гостивар ќе добијат вода и што ќе се случи кога граѓаните на Скопје ќе ги искористат резервните делови и залихите оставени од претходната власт, пренесува 24инфо.
Политичката цена што можеме да ја платиме како држава заради заложништво и евентуално мешање на Унгарија во внатрешните работи е позадината во овие 500 милиони и може да е поштетна и поголема, отколку придобивката од кредитот, истакна пратеникот на СДСМ – Фатмир Битиќи во гостување на телевизија 24. Битиќи нагласи дека извозната банка на Унгарија пред само неколку месеци доби кредит за себе од Кина од милијарда евра, и оттука се сомневањата дека може да има политичко влијание не само до Унгарија, туку и од Кина.