Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски во интервјуто за Отворено студио по повод „100 дена Влада“ на МРТ, вели дека до сега е разочаран од делувањето на обвинителството и судството, односно иако имале шанса за работат согласно законите и Уставот, одредени обвинители и судии работат калкулантски односно како што рече постапуваат според навигација добиена од други центри, односно од тие центри кои што ги предложиле да бидат таму каде што се, и тоа не е добро. Mk
Да имаме 80 пратеници, но велиме еве овој обвинител од претходното раководство од СДСМ и ДУИ нека обвинува согласно закон, онака како што треба.
Ние не го менуваме, иако можеме утре да го смениме, и него и судски совет, и совет на јавни обвинители. Sitel