Вицепремиерот и министер за внатрешни работи на Република Србија, Ивица Дачиќ, отпатува во официјална возвратна посета на Република Северна Македонија, каде што утре, 10 октомври, во Куманово ќе се сретне со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, јави дописникот на МИА од Белград. Press24
Решение за метежот на граничниот премин има, изјавија денеска министрите за внатрешни работи на С Македонија Панче Тошковски и на Србија Ивица Дачиќ по нивната и средбата на оперативните тимови во секторот за внатрешни работи Куманово. Nezavisen
Така што накратко можам да констатирам дека оваа работна средба помина одлично помеѓу двата тима на министерствата за внатрешни работи, изјави Тошковски.
Вицепремиерот и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ, кажа дека биле успешни и претходните средби во Белград и на граничниот премин Прешево-Табановце. Republika
На крајот на јули годинава, Тошковски и Дачиќ се сретнаа во Белград и разговараа за натамошното унапредување на соработката меѓу двете соседни земји во областа на внатрешните работи.
По тој повод, министерот Тошковски го покани министерот Дачиќ да ја посети Република Македонија, се наведува во соопштението на Министерството за внатрешни работи на Србија. Kanal5
Двете делегации остварија билатерална средба во просториите на СВР Куманово.
На средбата беше разговарано за модалитетите на понатамошно унапредување на досегашната одлична соработка помеѓу двете министерства, координација за учество на делегација на Република Србија на Симулациска вежба за размена на информации во реално време за криумчарење мигранти и трговија на луѓе долж источно-медитерантската рута која ќе се одржи од 14 до 17 октомври во Охрид оваа година. Press24
Покрај илегалната миграција, двајцата министри разговараа и за намалување на гужвите на заедничката граница, особено во летниот период и кога би профукнционирал “one stop” системот, за што министерот Тошковски увери дека пред следната летна сезона веќе би требало да започне да функционира.
На средбата се разговараше и за зајакнување на меѓусебната соработка, но и работата на полицијата на двете земји во борбата против тероризмот и криминалот, како и шверцот на дрога и наркотици. Netpress
Двајцата министри ќе се сретнат во Куманово, а тема на разговорите, како што јавија српските медиуми, ќе бидат мигрантските процеси.
На крајот на јули годинава, Тошковски и Дачиќ се сретнаа во Белград и разговараа за натамошното унапредување на соработката меѓу двете соседни земји во областа на внатрешните работи. Biznisvesti