Парите се очекува да бидат достапни до крајот на годинава, пренесува МИА.
Во текот на следната недела очекуваме да биде направен преносот на средствата. Civilmedia
Во текот на следната недела очекуваме да биде направен преносот на средствата.
Тука ќе треба да се направи и прераспределба во рамки на Буџетот. Plusinfo
Јас ова веќе го коментирав и го имам исто така изјавено и транспарентно, никогаш не можам да се согласам со таква мерка замрзнување на цени, маржи затоа што се комплетно сложени методологии за пресметка и сметам дека во државните институции нема доволно капацитет којшто може точно да ги пресмета тие маржи и да потврди дека тоа е така.
Но, независно од сето тоа, јас и моето размислување го кажав на Владата, на крај ставот на Владата е тој којшто оди како заедничка одлука и ставот на Владата беше дека ќе се продолжи со замрзнување на трговските маржи со тоа што во периодот којшто следи очекувам да има промени во тој дел и да не продолжиме на истиот овој начин затоа што јас сметам дека ефектите нема да бидат толку големи како што се очекува особено во услови кога имаме ниска инфлација, рече министерката Димитриеска Кочовска на новинарско прашање за нејзиниот став како министер за финансии за мерката за замрзнување на маржите. Civilmedia
Во изминатите 100 дена работевме без штедење, кажа денеска на прес-конференција министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочовска.
Изрази задоволство од постигнатото, бидејќи како што рече, е обезбедено финансирање за сервисирање на сите обврски до крајот на годината и постепено стабилизирање на јавните финансии. Kajgana
Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочовска денеска на прес – конференциај по повод 100 дена од работата на Министерството изјави дека останува на својот став против замрзнувањето на маржите оти не носат резултат, бидејќи во државните институции нема капацитет за следење на почитување на мерката и очекува да има промени во тој дел. Biznisvesti
Ако прашате некои од компаниите што се многу познати на пазарот и кои биле редовни плаќачи, ќе ви кажат дека повратот на ДДВ се одвива регуларно.
Ние знаеме дека во делот на повратот на ДДВ имаше многу злоупотреби и таквите компании се задржани. Libertas
Во одговор на прашање за осаменоста во своите ставови, Димитриеска-Кочовска истакна дека нејзините одлуки се базираат на анализа и факти.
Независно од тоа, таа нагласи дека одлуката на Владата е конечна и дека постои недостаток на капацитети во администрацијата за следење на применетите мерки. Mk
Таа подвелече дека го поддржува Законот за нефер трговски практики затоа што смета дека тоа повеќе ќе го регулира пазарот отколку замрзнувањето на маржите.
Законот за нефер трговски пракитики многу поедноставно може да се следи во однос на она што значи замрзнување на цени. Biznisvesti
Јас ги побарав билансите, седнав со надлежните, иако моето Министерство не е надлежно за таа работа, компаниите инсистираа да се видиме, јас ги примив, донесоа биланси, потоа седнав со надлежните институиции да разговарам и врз основа на тоа што го увидов повторно стојам на ставот дека оваа методологија не треба да се применува, рече Димитриевска Кочовска.
Таа посочи на решението кое го применувале од Владата на Унгарија, како поприфатливо и посоодветно решение, попуст на конечната цена, од 20 отсто во однос на просечната цена за даден производ добиена со пресек наназад за три месеци. Civilmedia
Точно е тоа дека компанијата буквално е уништена од претходната влада, но благодарение на новиот менаџмент и новиот директор, се реорганизираат и банките тоа го препознаваат, истакна Димитриеска-Кочовска.
Во однос на повратот на ДДВ кон компаниите, Димитриеска-Кочовска не се согласува со тезата дека се доцни. Libertas
Во однос на инфлацијата таа посочи дека најголем пораст има на цените на зелените пазари и прашува како се дојде до толку високи цени на земјоделските производи, во услови кога се одвојуваат значајни средства за субвенции, а земјоделското производство опаѓа, а расте увозот.
Во таа насока таа најави дека во Министерство за земјодлество веќе е во процедура измената на методологијата за распределување на субвенциите. Fokus
Но независно дали сум била осамена или не, одлуката на Владата е конечна, подвлече Димитриеска Кочовска повторувајќи го мислењето за немање капацитети во администрацијата за следење на мерката и во однос на тоа дали правилно е поставена методологија како да се стигне до таа бруто трговска маржа.
Во однос на законот за нефер трговски практики, рече дека за се може да се разговара, но клучното во однос на овој закон е позицијата на маркетите, дистрибутерите и производните компании. Civilmedia
Во неколку наврати пријавени се правни лица коишто не го почитувале законот за игри на среќа до надлежните институции, одземени се и дозволи за непочитување на закони на финансиски друштва.
Мора да има ред и владеење на правото, само така ќе обезбедиме сигурна почва за делување, за реализација на инвестиции и доверба во институциите, истакна министерката за финансии на прес-конференцијата во Владата. Denesen