„ДУИ како власт во 2023 година учествуваше во изготвување на Стратегија за реформи во администрацијата 2023 – 2030 во која се нотира дека балансерот има бројни злоупотреби и истиот треба да се укине.
ДУИ прифатија укинување на балансерот од позиција на власт, и тогаш не повикуваа на протести, затоа што беа насочени на матни тендери и играње фудбал по канцеларии“ рече денеска на прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски. Fokus
Поранешниот министер за економија од ДУИ, Крешник Бектеши вели дека се можни тензии по укинувањето на балансерот. Faktor
Поранешниот министре за економија и дел од највисокото раководство на сега опозициската ДУИ, Крешник Бектеши не сака да го коментира образложениот на претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски за укинувањето на „балансерот“, бидејќи, како што вели, се знае од која провиниенција доаѓа. 360stepeni
Од ДУИ очекуваат зголемување на тензиите по укинувањето на балансерот за вработувања по етнички клуч.
И покрај тоа што претседателот на Уставниот суд отфрли било какви политички влијанија, поранешниот министер за економија и дел од високото раководство на ДУИ Крешник Бектеши во интервју за РСЕ изрази загриженост за одлуките на Уставниот суд и ги прекори уставните судии да внимаваат кога носат сензитивни одлуки. Kanal5