Рефомрските агенди на Северна Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора и Косово се одобрени во рамки на новиот Инструмент за реформи и раст во износ 6 милијарди евра, познат како План за раст на Западен Балкан, објави на мрежата „Х’“ унгарското претседателство со ЕУ. -Ова го трасира патот пре-финансирањето да започне за време на унгарското претседателство со Унијата.
Поддршката на интеграцијата на Западен Балкан, останува клучен приоритет на унгарското претседателство, се наведува во соопштението. Nezavisen
Согласно Планот за раст на Западен Балкан вреден 6 милијарди евра, земјава треба да добие 750 милиони евра поделени на неколку транши, а првата транша од 7 проценти, односно 52,5 милиони евра, државава ќе ја добие најдоцна до крајот на годината.
Според формулата од Регулативата за инструментот за реформи и раст, усвоена од страна на Европскиот парламент и Советот на ЕУ, Македонија треба да добие 750,4 милиони евра за периодот 2024-2027 година. Novamakedonija
Европската Унија даде зелено светло на Реформската агенда на Македонија, која го отвора патот за почеток на предфинансирање за време на унгарското претседателство, беше објавено денеска на официјалната страница на мрежата Х на Унгарија како претседавач со ЕУ. „Реформските агенди на Албанија, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија беа одобрени во согласност со новиот Инструмент за реформи и раст, вреден шест милијарди евра“, се наведува во соопштението. Plusinfo
За Северна Македонија се наменети 750 милиони евра, а првата транша ќе изнесува седум проценти, односно 52,5 милиони евра.
Целта на Планот за раст е преку засилена економска интеграција на земјите од регионот меѓу себе и со ЕУ, постепено да почне да се намалува разликата во стандардот на државите од Западен Балкан и Унијата. 360stepeni