Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски, заедно со министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и министерот за европски прашања Орхан Муртезани, денес и утре се во посета на Берлин, Сојузна Република Германија каде ќе се одржи состанокот на шефови на Влади на земјите од Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес. Republika
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски денеска и утре ќе учествува на состанокот на шефови на Влади на земјите од Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес. Sitel
Делегацијата на Северна Македонија во Берлин на Самитот на шефови на Влади на земјите од Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес ја предводи премиерот, а учествуваат и министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и министерот за европски прашања Орхан Муртезани.
Премиерот Мицкоски преку Фејсбук информираше за неговото учество на првата сесија од Берлинскиот процес посветен на регионалната соработка и заедничкиот регионален пазар, што е, како што напиша, „форма за поблиска соработка и операционализирање на стратегијата за економски развој на државите од Балканот“. Biznisvesti
Од грчкото МНР информираа дека Герапетритис имал куси размени на мислења на Самитот во Берлин и објавија фотографии, а освен со Мицкоски, разговарал и со неговиот македонски колега Тимчо Муцунски.
Шефовите на двете дипломатии минатиот месец ја одржаа нивната прва средба во Њујорк за време на Генералното собрание на Обединетите Нации. Nezavisen
Премиерот Христијан Мицкоски и шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис остварија средба на маргините самитот на Берлинскиот процес, кој денеска се одржува во Берлин, пренесува МИА повикувајќи се на фотографиите што на социјалната мрежа Икс ги објави Министерството за надворешни работи на Грција. Fokus
Берлинскиот процес за Западен Балкан започна во 2014 година на иницијатива на Германија и има за цел да ја поддржи и продлабочи економската интеграција на шесте земји од Западен Балкан (Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово, Албанија, Република Северен Македонија) и конвергенција на регионот со вредностите на ЕУ и социо-економските стандарди.
Иницијативата обезбедува политичка поддршка на високо ниво и широк дофат и видливост на иницијативите за регионална соработка и поврзаните политики, како и на проектите за поврзување на ЕУ во регионот. Biznisvesti