„Наша политичка, но и економска цел е до 2026та година да произведуваме онолку домашно количество на електрична енергија, колку што и ќе трошиме, односно да бидеме 0 увозници на електрична енергија, а до 2027година со реализирање на проектите на овој план и да бидеме извозници, изјави премиерот Мицкоски.
Во разговорите на берлинскиот процес Мицкоски го отвори прашањето и за евроинтегративните процеси на државата. Republika
Премиерот Христијан Мицкоски по учеството на самитот на Берлинскиот процес и остварените средби е поголем оптимист во однос на очекувањата за евроинтегративниот процес на земјава и е во дилема дали ќе го испрати најавеното писмо до Европската унија со кое ќе даде нови идеи за продолжување на преговорите. Novamakedonija
„Одвојувањето на Албанија и прекинот на преговорите со ЕУ е голем пораз на погрешните политики на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.“, велат од СДСМ. Mk
Воедно ќе се оствари средба и со претставници од раководството на германската фондација „Конрад Аденауер Штифтун“, се наведува во соопштението.
Ова е втор ден од посетата на Германија откако вчера премиерот Мицкоски оствари повеќе средби со премиери на влади и политички лидери вклучени во Берлинскиот процес. Kanal5
Наша задача како влада која доби повеќе од 600,000 гласа на изборите на 8 мај, прво да ги браниме националните интереси, а национален интерес претставува полноправно членство на земјава во рамките на ЕУ, истакна премиерот.
Во однос на најавеното писмо до Европската унија, тој подвлече дека по посетата на Брисел има дилема дали да го испрати бидејќи ги запознал сите со содржината. Biznisvesti