„Наша политичка, но и економска цел е до 2026та година да произведуваме онолку домашно количество на електрична енергија, колку што и ќе трошиме, односно да бидеме 0 увозници на електрична енергија, а до 2027година со реализирање на проектите на овој план и да бидеме извозници, изјави премиерот Мицкоски.
Во разговорите на берлинскиот процес Мицкоски го отвори прашањето и за евроинтегративните процеси на државата. Press24
Oва е прва официјална средба на двајцата министри по преземањето на министерската позиција на Муцунски.
Министерот Муцунски изразил благодарност за континуираната поддршка и ангажманот на Германија за досега постигнатиот напредок на нашата земја на патот кон ЕУ, како и за посветеноста на Германија за забрзување на целокупниот процес на интегрирање на земјите од Западен Балкан, особено во рамки на иницијативата на Берлинскиот процес. A1on
Премиерот Христијан Мицкоски по учеството на самитот на Берлинскиот процес и остварените средби е поголем оптимист во однос на очекувањата за евроинтегративниот процес на земјава и е во дилема дали ќе го испрати најавеното писмо до Европската унија со кое ќе даде нови идеи за продолжување на преговорите. Biznisvesti
Вметнувањето на бугарското малцинство во вашиот Устав е последниот чекор за отворање на првиот преговарачки кластер со ЕУ“, порача Бербок по средбата со македонскиот колега Тимчо Муцунски во Берлин.
Средбата доаѓа еден ден по самитот на Берлинскиот процес кој се одржа во главниот град на Германија, на кој лидерите на земјите од Западниот Балкан се согласија на неколку договори кои треба да ја подобрат соработката во делот на економијата и образованието. Civilmedia
Во однос на најавеното писмо до Европската унија, тој подвлече дека по посетата на Брисел има дилема дали да го испрати бидејќи ги запознал сите со содржината.
Имајќи предвид дека претседателката на Комисијата доаѓа на 24 октомври, имавме можност во Берлин неофицијално на ручекот да разговараме и на маргините на самитот на Берлинскиот процес и со канцеларот Шолц имав неофицијална средба, која беше многу пријателска и содржајна, посочи Мицкоски. Fokus
Средбата во Берлин претставува прва средба меѓу двајцата министри откако Муцунски ја презеде министерската позиција во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија(МНРНТ). Македонскиот шеф на дипломатијата изрази убедување дека деблокадата на евроинтегративниот процес преку одржување на втората меѓувладина конференција и итен почеток на преговорите не само што ќе ја зајакне европската реформска агенда во Регионот, туку истиот ќе го направи и многу поотпорен на влијанијата од трети земји.
Притоа тој нагласи дека деблокирањето на нашиот евроинтеграциски процес е прашање од стратешки и безбедносен интерес, како за Регионот, така и за постојаните заложби на ЕУ. – Германија е предводник на европската перспектива на нашата земја и на целиот регион, а силниот фокус на спроведување на реформите останува во центарот на пристапот на новата влада – нагласи Муцунски. Plusinfo
Воедно ќе се оствари средба и со претставници од раководството на германската фондација „Конрад Аденауер Штифтун“, се наведува во соопштението.
Ова е втор ден од посетата на Германија откако вчера премиерот Мицкоски оствари повеќе средби со премиери на влади и политички лидери вклучени во Берлинскиот процес. Kanal5
Наша задача како влада која доби повеќе од 600.000 гласа на изборите на 8 мај, прво да ги браниме националните интереси, а национален интерес претставува полноправно членство на земјава во рамките на ЕУ – истакна премиерот.
Во однос на најавеното писмо до Европската унија, тој подвлече дека по посетата на Брисел има дилема дали да го испрати бидејќи ги запознал сите со содржината. Novamakedonija
Премиерот Христијан Мицкоски се наоѓа во работна посета на Германија каде оствари низа средби со значајни личности.
За нови проекти зборувал и со претставници на Konrad-Adenauer-Stiftung. Republika