Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски, заедно со министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и министерот за европски прашања Орхан Муртезани, денес и утре се во посета на Берлин, Сојузна Република Германија каде ќе се одржи состанокот на шефови на Влади на земјите од Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес. Skopjeinfo
На фотографиите се гледа дека покрај Герапетритис и премиерот Мицкоски, на средбата присуствува и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.
FM George Gerapetritis had brief exchanges at Summit Συναντήσεις ΥΠΕΞ Γιώργου Γεραπετρίτη στο πλαίσιο της συμμετοχής του στη Σύνοδο Κορυφής της Διαδικασίας του Βερολίνου Премиерот Мицкоски ја предводи македонската делегација во Берлин на самитот на шефови на влади на земјите од Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес. 360stepeni
Премиерот Христијан Мицкоски и шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис остварија средба на маргините самитот на Берлинскиот процес, кој денеска се одржува во Берлин, пренесува МИА повикувајќи се на фотографиите што на социјалната мрежа Икс ги објави Министерството за надворешни работи на Грција. Fokus
Од грчкото МНР информираа дека Јорго Герапетритис имал куси размени на мислења на Самитот во Берлин и објавија фотографии, а освен со Мицкоски, разговарал и со неговиот македонски колега Тимчо Муцунски.
Шефовите на двете дипломатии минатиот месец ја одржаа нивната прва средба во Њујорк за време на Генералното собрание на Обединетите Нации. Republika
Делегацијата на Северна Македонија во Берлин на Самитот на шефови на Влади на земјите од Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес ја предводи премиерот, а учествуваат и министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и министерот за европски прашања Орхан Муртезани.
Премиерот Мицкоски преку Фејсбук информираше за неговото учество на првата сесија од Берлинскиот процес посветен на регионалната соработка и заедничкиот регионален пазар, што е, како што напиша, „форма за поблиска соработка и операционализирање на стратегијата за економски развој на државите од Балканот“. Biznisvesti