Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
35
10.69
20.58
11.28/1.35
35.00
8.77
0.25
3377.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 35
46 ■ 0.99/0.01 ■ 4 ■ 702.6
Best clustering variants
46 0.99/0.01 4 702.6
10:24 h 17-Oct-2024
  • По учеството на самитот на Берлинскиот процес и остварените средби, премиерот Христијан Мицкоски е поголем оптимист во однос на очекувањата за евроинтегративниот процес на земјава и е во дилема дали ќе го испрати најавеното писмо до Европската унија со кое ќе даде нови идеи за продолжување на преговорите.
  • ◉ ПАТОТ ВО ЕУ БЕЗ СОПКИ: Македонија е за ЕУ, но не со постојани репризи на соочување и шокови со нови и нови вета од соседите
13:18 h 16-Oct-2024
  • Премиерот Христојан Мицкоски има лична дилема дали воопшто треба да го пишува писмото што веќе неколку недели го најавува на повеќе адреси поврзани со Европската унија.
  • Мицкоски има дилема дали воопшто да  пишува писмо до ЕУ
12:54 h
  • Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција за учеството на Самитот „Берлински процес“ вели „станав поголем оптимист отколку што бев пред посетата во Берлин“.
  • Мицкоски: После Берлин сум многу поголем оптимист
09:44 h 15-Oct-2024
  • Претседателот на Владата на Македонија Христијан Мицкоски во рамки на работната посета на Берлин и учеството на Берлинскиот процес, денеска ќе има излагање во Стопанската комора на Германија (OA-Ost-Ausschuss der Deutschen Wirtschaft). Како што информира владината прес-служба, премиерот ќе ги презентира економските планови и плановите за инвестиции во енергетиката и инфраструктурата и можностите за соработка и инвестиции на германските компании кои веќе се присутни на македонскиот пазар.
  • Премиерот Мицкоски ќе има излагање во Стопанската комора на Германија
08:39 h
  • На маргините од првиот ден на таканаречениот „Берлински процес” кој се одвива во Сојузна Република Германија премиерот на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски во интервју за Македонската Телевизија ги истакна впечатоците од бројните средби со политичарите учесници на настанот.
  • Мицкоски од Берлин: Канцеларот Шолц потврди дека Германија е наш силен сојузник, не водиме политика на свиткана кичма, заслужуваме да ги отвориме поглавјата кон ЕУ
Kanal5

Шефицата на германската дипломатија Бербок во вторникот по средбата со македонскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во Берлин, изјави дека таа се залага за укинување на едногласност во ЕУ, но додека тоа не се случи, Македонија мора да ги почитува компромисите.

Вметнувањето на бугарското малцинство во вашиот Устав е последниот чекор за отворање на првиот преговарачки кластер со ЕУ, порача Бербок по средбата со Муцунски, која се случи еден ден по самитот на Берлинскиот процес, на кој лидерите на земјите од Западниот Балкан се согласија на неколку договори кои треба да ја подобрат соработката во делот на економијата и образованието. Kanal5

  • Премиерот Христијан Мицкоски по учеството на самитот на Берлинскиот процес и остварените средби е поголем оптимист во однос на очекувањата за евроинтегративниот процес на земјава и е во дилема дали ќе го испрати најавеното писмо до Европската унија со кое ќе даде нови идеи за продолжување на преговорите.
Denesen

„Во интерес на разговорите и на очекувањата кои ги имама како ќе се развиваат работите не би сакал јавно да изнесувам детали, но сум поголем оптимист, многу поголем отколку пред средбите во Берлин и средбата со Шолц“, изјави Мицкоски.

Тој не кажа дали пак пораката која вчера исто така стигна од Берлин, од министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок, дека следниот чекор за Македонија кон ЕУ се уставните измени и дека на земјава не и се нанесува неправда, туку се додека правилото во ЕУ е едногласно одлучување, тоа ќе треба да се почитува, е пораката к оја го премислила за испраќање на писмото до ЕУ. „После посетата на Брисел имам лична дилема, бидејќи таму имав можност сите да ги запознаам со најголемиот дел од содржината на тоа писмо, имам лична дилема дали треба да го испратам“, рече Мицкоски. Denesen